Знаењето и вештините кои ги нуди нашиот факултет овозможуваат создавање инженери соодветени да одговорат на потребите во индустријата.
Технолошко-техничкиот факултет е конципиран врз база на студиските програми на водечките европски технолошки и инженерски факултети, при што се користени и досегашните искуства во нашата земја. Идните студенти ќе имаат можност да ги изучуваат технологијата на текстил и облека, технологијата на материјали, како и прехранбената технологија. Програмите се усогласени со принципите на Болоњската декларација, со воведување на Европскиот кредит-трансфер систем и современиот начин на организирање на наставата.
Речиси сите студенти во текот на своето образование на Технолошко-техничкиот факултет ќе имаат можност практично да се сретнат со својата професија преку лабораториски вежби, практична настава, индустриски посети и соработка со производствени компании во земјава и во странство.
Универзитетот „Гоце Делчев“ претставува реномирана институција во областа на
високото образование, која преку понудените современи студиски програми на различни факултети обезбедува квалитетно образование и привлекува голем број студенти од Македонија, но и од странство.
Секоја студиска година Универзитетот врши упис на студенти на единиците на Универзитетот во прв, втор и трет циклус универзитетски и професионални студии.
Уписите се вршат во три уписни рокови, од кои првиот е во август, а другите два во текот на септември, во зависност од слободните места за упис. Бројот на студенти кои може дасе запишат на одделните факултети за одредена академска година се објавува во конкурсот.
Универзитетот традиционално секоја година доделува и стипендии во вид на ослободување од плаќање на партиципација за првата година од студиите од прв циклус за најдобро рангираните кандидати на секој факултет.
Дипломиран инженер-технолог од областа на Прехранбена технологија, Технолошко-технички факултет Вработен во: Макпрогрес ДОО – Виница Мојот пат кон успехот со...
Дипломиран инженер-технолог од областа на Текстил, дизајн и менаџмент, Технолошко-технички факултет Работи како: моден дизајнер во сопствено модно ателје Мојот...
Дипломиран инженер-технолог од областа на прехранбена технологија, Технолошко-технички факултет Работи како: фитнес тренер и консултант за изработка на програми за...
Дипломиран инженер-технолог од областа на Дизајн на текстил и облека, Технолошко-технички факултет Работи како: 3D дизајнер во „Blackbello“ Мојот пат...