Студентите од студиската програма Прехранбена технологија при Технолошко-техничкиот факултет реализираа стручна посета на АН-БЛА ДООЕЛ Штип. За време на посетата, тие го проследија целиот процес на производство на пастрмајлија.

Оваа активност овозможи непосредно поврзување на теоретските знаења со индустриската пракса. Во реални производствени услови студентите ја согледаа важноста од прецизната контрола на температурата, одржување на високи хигиенски стандарди, како и клучната улога на процесното инженерство (опремата, технолошките параметри и организацијата на процесите) во обезбедување конзистентен квалитет на производот.

Факултетот упатува искрена благодарност до тимот на АНБЛА за професионалниот прием и споделеното знаење. Посетата претставува пример за успешна и продуктивна соработка со индустријата, која значително ја зголемува подготвеноста на студентите за нивниот иден професионален ангажман, отвора нови можности за практична настава, како и поттик за понатамошни заеднички активности.

 

Технички секретар

Елвира Павлова
Тел: +389 32 550 900
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип
Валентина Давчева
тел:+389 32 550 064
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Пробиштип - Елвира Павлова 
Тел: +389 32 550 900
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.