На 12.11.2025 година, на Земјоделскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип се одржа VI Студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина“.
Студентката Катерина Бозаџиева-Даова од студиската програма Прехранбена технологија при Технолошко-техничкиот факултет учествуваше на конференцијата со презентација на тема „Содржина на јод во сол“, под менторство на проф. д-р Дарко Андроников, проф. д-р Ацо Јаневски и проф. д-р Марија Менкиноска.

Учеството на конференцијата претставува важна можност за презентирање на студентските истражувања, размена на научни искуства и зајакнување на соработката помеѓу академската и стручната заедница.
