На 21.10.2022 во просториите на свечената сала на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип се одржа свечен прием на Италијанскиот Амбасадор Н.Е. Андреа Силвестри пред кој студентите од Технолошко-техничкиот факултет од насоката Дизајн на текстил и облека ги претставија своите модни проекти под форма на видео презентација.

Италијанскиот Амбасадор Н.Е. Андреа Силвестри

Ректорот на УГД-Штип проф. д-р Дејан Мираковски

На 21 Октомври 2022 година, Италијанскиот Амбасадор Н.Е. Андреа Силвестри, придружуван од Марко Песцетели, претсавник за образование и наука од италијанската амбасада, присуствуваа на настан одржан во Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип под наслов „Младите и Италија – една инспирација, многу приказни“ организиран од Катедрата за италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет по повод XXII недела на италијанскиот јазик во светот. Студентите од Филолошкиот факултет, Технолошко-техничкиот факултет, Музичката и Академијата за ликовни уметности понудија богата програма со музички перформанс, предавања и видео презентации.

Амбасадорот и ректорот на Универзитетот, проф. д-р Дејан Мираковски, се обратија пред јавноста составена од професори и студенти на штипскиот универзитет, но и студентите од штипската гимназија и италијанските студенти домаќини преку програмата Еразмус.

Проф. д-р Марија Ќертакова, придружувана од студентите на Технолошко-техничкиот факултет од насоката Дизајн на текстил и облека, одржа предавање под наслов „Италијанскиот моден дизајн – како од домашен бренд прераснува во светски еталон за вкус и стил“. Веднаш после предавањето, студентите од насоката Дизајн на текстил и облека се претставија со видео презентација на модни портфолија и илустрации инспирирани од модата на младите во Италија. Студентите кои учествуваа на овој настан беа Слаѓана Петрова, Анастазија Петковска, Марина Блажев, Маријана Богојеска, Викторија Китановска, Марија Димитровска, Мартина Попоска, Славица Тодорова, Евгенија Јорданоска, Сања Атанасова, Сара Котеска, Бојана Стојкоска, Сашо Зуламоски, Александар Шијакоски, Александар Николовски, Наталија Литајковски, Рената Вучкова и Сандра Арсова.

Настанот заврши со поздравен коктел, на кој како професорите така и студентите имаа можност да се запознаат со Амбасадорот и да поразговараат за интересни и актуелни теми, да разменат мислења и искуства, како и да воспостават контакти за идни професионални соработки.

Свечено обраќање на италијанскиот Амбасадор Андреа Силвестри

Од лево кон десно: деканката на ФФ проф. Драгана Кузмановска, проф. Марија Ќертакова, две студентки на ТТФ, продеканката на ФФ проф. Весна Коцева, ректорот проф. Дејан Мираковски

Проф. Марија Ќертакова со студентите од ТТФ од насоката Дизајн на текстил и облека за време на презентацијата


Од лево кон десно: Марко Песцетели, Слаѓана Петрова, проф. Соња Јордева, Н.Е. Андреа Силвестри, проф. Марија Ќертакова, Анастазија Петковска, Стефанија Иванова

Модниот проект на проф. М.Ќертакова и на студентите-учесници во настанот можете да го проследите овде: ПРОЕКТ (.PDF)

За детални информации проследете го видеото од самиот настан:

Технички секретар

Елвира Павлова
Тел: +389 32 550 900
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип
Валентина Давчева
тел:+389 32 550 064
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Пробиштип - Елвира Павлова 
Тел: +389 32 550 900
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.