Технолошко-техничкиот факултет доби иновациски ваучер преку Фондот за иновации и технолошки развој за давање на услуги побарани од претпријатието „Симокс“ од Штип за развој на производ од ПЕТ пластика.  

Во период од шест месеци предвиден со проектната апликација, Факултетот како добавувач на услуга направи анализа на процесот за обликување ПЕТ пластика и тоа оригинална и рециклирана, а врз база на тоа е дефинирана постапката за процесирање и добивање на краен производ.  

ПЕТ се процесира и термоформира со современа технологија на инјекционо пресување со истегнување. Со оваа технологија може да се процесираат отпадни ПЕТ  материјали со цел повторно да се искористат. Тоа е во согласност со сите регулирани прописи за безбедност, а притоа може да се обезбедат високи стандарди за квалитет.

Во рамките на оваа проектна апликација е направена детална анализа и техничка спецификација за развој на технолошката постапка за производство на различни типови на ПЕТ амбалажа за козметички производи. Анализиран е процесниот циклус и е направена визуелна инспекција и анализа на механички карактеристики на амбалажата која треба да се добие. Дополнително, направена е анализа за максимално искористување на рециклиран ПЕТ пластичен материјал за добивање на краток технолошки циклус односно поголема продуктивност, минимизирање на непожелно појавување на дефекти (пори), дефинирање на температурните параметри при процесот на инјекционо обликување и слично. Од сите направени анализи дефинирани се чекорите и условите за развој на ПЕТ амбалажа која ќе биде потполно излиена, ќе биде доволно крута и еластична, нема да има вдлабнатини, површината на амбалажата ќе биде сјајна, амбалажата ќе биде димензионо стабилна и ќе има добри перформанси.

Со истражувањата во рамките на оваа проектна апликација се добиени релевантни резултати во вид теоретска анализа и студија за процесот и можноста за примена и процесирање на рециклирана ПЕТ пластика. Посебно се анализирани проблемите кои се појавуваат при процесирање на ПЕТ пластиката. Оваа добиена услуга треба во иднина да резултира во производство на еколошка амбалажа за козметички средства со искористување на голем процент на отпадна ПЕТ пластика, а на тој начин да се обезбеди подобрување на квалитетот на живеење од аспект на хуманизација на трудот и заштита на човековата околина.

Добиените резултати од направените анализи дадоа објаснување за влијанието на технолошки параметри врз квалитетот на крајниот производ.

Резултатите од сите направени анализи се претставени во завршен извештај кој е доставен до претпријатието.

Технички секретар

Елвира Павлова
Тел: +389 32 550 900
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип
Валентина Давчева
тел:+389 32 550 064
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Пробиштип - Елвира Павлова 
Тел: +389 32 550 900
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.