Технолошко техничкиот факултет во соработка со претпријатието Канонада дооел од Прилеп спроведоа истражување за искористување на отпаден пластичен материјал за добивање на рециклирачки профили.

Истражувањата се направени во рамките на научно-истражувачкиот проект Валоризација на отпаден пластичен материјал за добивање на рециклирачки профили за вградување во водени пумпи за наводнување, поддржан со Иновациски ваучер од Фонд за иновации и технолошки развој.

Основната цел на бараната услуга е претпријатието да успее да воведе технолошки процес за инјекционо пресување на рециклирачки профили за вградување во водените пумпи за наводнување во земјоделството со валоризација на пластичен отпад.

Во период од шест месеци предвиден со проектната апликација направени се анализи на типови термопластични материјали и отпадна пластика и направено е истражување и развој на рециклирачки делови за вградување во пумпи за вода. Врз основа на тоа направено е производство на следните делови од пумпата за наводнување: пластична спојка, инка, полуспојка со навој, полуспојка со колендер, ротор, затворач за резервар и друго. Со оглед дека деловите кои се цел на развој во овој проект беа различни (се разликуваат по волумен, форма, маса, дебелината на ѕидовите, барани својства), за секој посебно, определени се оптималните услови на процесирање во рамките на техничките можности на машината и конструкцијата на калапите. За реализирање на сето тоа претходеше набљудување на процесниот циклус, визуелна инспекција на отпресоците и во случајот на дефекти - превземање превентивни мерки за нивно отстранување. Превентивните мерки претставуваат промена на соодветен технолошки параметар и пратење на резултатот на таа промена преку инспекција на отпресокот. Преку реализација на бараната услуга постигнато е максимално искористување на отпаден пластичен материјал и други влезните суровини, краток технолошки циклус, минимизирање на непожелно појавување на пори во деловите, оптимизирање на брзината, температурата и притисокот при процесот на инјекционо пресување и слично. На тој начин, добиени се отпресоци (профили) кои се потполно излиени, не се крути и не се лупат, немаат вдлабнатини, површината на отпресоците е добра, отпресоците се димензионо стабилни и имаат добри перформанси. Ова се проблеми кои се актуелни во погонот на Канонада Прилеп, така што со решавање на истите се подобрува и  економската состојба на фирмата.

Технички секретар

Елвира Павлова
Тел: +389 32 550 900
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип
Валентина Давчева
тел:+389 32 550 064
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Пробиштип - Елвира Павлова 
Тел: +389 32 550 900
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.