Технолошко-техничкиот факултет го организираше настанот Меѓународна недела на модата. Како дел од овој настан, во НУУБ „Гоце Делчев“, е изложбата на студентите од ТТФ.

Во Мотелот „Ваго“ се одржа и модна ревија, претставување на колекциите на сите учесници во манифестацијата.

- Целта е, како и секоја година, да организираме една завршна изложба, претставување на нашите модели, на сите креации кои ги работиме преку целата година на наставната програма на ТТФ. Оваа година ни е особена чест што имаме гости од Бугарија, со кои пред два месеци склучивме договор за соработка преку струмичкото Средно текстилно училиште „Ѓорче Петров“. Нашите студенти вака ќе имаат уште поголеми можности и ќе можат да се претставуваат и надвор од Македонија. Во октомври е закажана модна ревија во Благоевград, на Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“, на насоката Мода. Сакаме преку оваа манифестација да вклучиме уште повеќе средни училишта и универзитети – изјави проф. Ванѓа Кузмановска.

На модната ревија беа претставени три колекции: од децата од Центарот за личен и креативен развој во Благоевград, под менторство на Марија Онтева од Одделот за моден дизајн на Универзитетот „Неофит Рилски“, од средношколците во Средното текстилно училиште „Ѓорче Петров“ во Струмица и од студентите на Технолошко-технички факултет при УГД.

Технички секретар

Елвира Павлова
Тел: +389 32 550 900
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип
Билјана Бојаџиска
Тел: +389 32 550 594
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Данче Гркова
Тел: +389 32 550 033
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Пробиштип - Елвира Павлова 
Тел: +389 32 550 900
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.