Il giorno del design italiano - 100 anni dalla nascita di Ottavio Missoni
Оваа година се одбележуваат 100 години од раѓањето на Отавио Мисони, еден од светските амбасадори на уникатниот италијански стил. Оригиналноста и препознатливоста на неговите креации го возвишува во светска модна икона.
Во негова чест, на иницијатива на Катедрата за италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет, а во соработка со Технолошко – техничкиот факултет, се реализираше предавање во рамките на промотивните активности за Денот на италијанскиот дизајн во светот.
Студентите имаа можност да ги проследат излагањата на тема „Од занаетчиска работилница до модна империја Мисони“ од доц. д-р Сашка Голомеова Лонгурова и доц. д-р Силвана Жежова, а доц. д-р Марија Ќертакова го изложи своето видување на тема „Анализа на модните колекции на Мисони“.