Техничките факултети при УГД (Машински, Технолошко-технички и Електротехнички факултет) ги отворија вратите за средношколците кои сакаат да се запишат на овие студиски програми. Деканот на Машински факултет, проф. д-р Ристо Кукутанов, истакна дека знаењата и контактите што студентите ќе ги добијат за време на студирањето на УГД ќе бидат неразделен дел од нивната иднина и ќе им помогнат да се реализираат на професионален и на приватен план.
Повеќе...Студентите на Технолошко-технички факултет, под менторство на доц. м-р Ванѓа Димитријева-Кузманоска, трета година по ред учествуваат на Хуманитарна модна ревија со детски модели во Спомен-куќата „Тодор Проески“ во Крушево, по повод празникот Св. Никола.
Повеќе...Учесниците на Неделата на математичко моделирање, во организација на Технолошко-техничкиот и Електротехничкиот факултет на УГД, дел од предвидените активности ги реализираа на Институтот за роботика при компанијата „Микросам“.
Повеќе...Повеќе до 20 студенти од Технолошко-техничкиот факултет направија спектакуларна годишна ревија на модели и изложба на фотографии под наслов „Мода меѓу редови“. НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ беше преполна од млади луѓе, студенти и средношколци кои беа заинтересирани да ги видат моделите и фотографиите поврзани со мода создадени од студентите.
Повеќе...