Search

Зошто да студирам на технолошко-технички факултет?

Отворена врата кон глобални можности и авантури

Зачекорете во светот на технологијата, иновациите и современото производство. Технолошко-техничкиот факултет нуди современи студиски програми кои ги обединуваат науката, инженерството и практичната примена, овозможувајќи им на студентите да стекнат знаења и вештини од областа на текстилната технологија, прехранбената технологија и технологијата на материјали, дисциплини кои се клучни за индустрискиот развој и одржливата иднина.

Преку изучување на нови материјали, оптимизација на производствени процеси, контрола на квалитетот и развој на иновативни производи, студентите се подготвуваат за работа во производствени компании, лаборатории, истражувачки центри, образовни институции или сопствено претприемништво.

Технолошко-техничкиот факултет нуди образование на прв, втор и трет циклус на академски студии со современи студиски програми кои се усогласени со потребите на пазарот на трудот и општеството. Концепцијата на студиските програми се темели на позитивни искуства од развиените земји и со соработка со научни истражувачи ангажирани на универзитети, институти и производни компании ширум светот.

Образованието на факултетот ви помага да развиете аналитичко размислување, технички вештини, креативност и способност за прилагодување во динамичното технолошко опкружување. Тоа отвора можности за работа во домашни и меѓународни компании и истражувачки институции, за учество во развој на нови материјали, производи и технолошки процеси, за градење професионални врски и мрежи во индустријата и за стекнување аналитички, технички и лидерски вештини.

Технолошко-техничкиот факултет ве подготвува да бидете иновативни, креативни и подготвени за современата технолошка иднина и вашиот пат кон успешна кариера започнува тука.

Дизајн и технологија на текстил и облека

Студиската програма Дизајн и технологија на текстил и облека е насочена кон едукација на стручен и креативен кадар кој активно ќе придонесува кон развојот и унапредувањето на текстилната индустрија како значајна индустриска гранка.

Програмата обезбедува темелни теоретски и практични знаења од областа на текстилните материјали, дизајнот на облека и технолошките процеси на производство. Преку современ наставен пристап, студентите стекнуваат креативни, аналитички и технолошки компетенции неопходни за проектирање, развој и производство на текстилни производи и облека.

Дипломираните инженери се подготвени за работа во сите сегменти на текстилната и модната индустрија, вклучувајќи текстилни и конфекциски компании, дизајнерски студија, производствени и трговски организации, институции за контрола на квалитет, како и истражувачки и образовни установи.

Прехранбена технологија

Студиската програма Прехранбена технологија е креирана со цел да одговори на современите потреби на индустријата за стручен кадар во областа на производство, преработка и контрола на квалитет на храна. Програмата се темели на интердисциплинарен пристап што ги интегрира инженерските, технолошките и научните аспекти на производството на храна.

Студентите стекнуваат теоретски знаења и практични компетенции за идентификување, анализирање и решавање проблеми поврзани со процесирање, конзервирање и пакување на храната, примена на современи методи за анализа и контрола на квалитетот, изработка на материјални и енергетски биланси, како и учество во развојно-истражувачки активности.

Дипломираните инженери се оспособени за работа во индустриите за производство на храна, лаборатории за анализа и контрола на квалитет, дистрибутивни центри, како и во научно-истражувачки и развојни институции. Тие поседуваат компетенции за развој и оптимизација на производните процеси, со што придонесуваат кон унапредување на безбедноста, квалитетот и конкурентноста на прехранбената индустрија.

Технологија на материјали

Студиската програма Технологија на материјали на Технолошко-технички факултет е насочена кон едукација на современи и компетентни инженери подготвени за работа во индустриски и технолошки системи. Програмата обезбедува темелни знаења за структурата и својствата на материјалите, технолошките процеси на нивна обработка и методите за контрола, анализа и унапредување на квалитетот.

Посебен акцент се става на развој на аналитичко размислување, технички компетенции и способност за решавање инженерски проблеми во реални производствени услови. Преку лабораториска и практична настава, како и соработка со компании и истражувачки институции, студентите стекнуваат практично искуство и директен увид во индустриските процеси.

Дипломираните инженери се оспособени за работа во производствени компании, лаборатории за контрола на квалитет, научно-истражувачки и развојни центри, како и во сектори за иновации и развој на современи материјали.