Search

За технолошко-технички факултет

Технолошко-техничкиот факултет создава академска атмосфера во која студентите се поттикнати да развиваат знаења и вештини според современите индустриски и технолошки трендови. Наставата се надградува со соработка со истражувачи и практичари, а приоритет се квалитетот и ефикасноста преку континуиран професионален развој и современи форми на учење.

Местоположба

Технолошко-техничкиот факултет се наоѓа на ул. „Гоце Делчев“ бр. 89, Кампус 2, 2000 Штип, Република Северна Македонија.

Основање

Технолошко-техничкиот факултет е основан со Закон за изменување и дополнување на Законот за основање на државен Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип („Службен весник“ бр. 81/2008) од 7.7.2008 година, донесен од Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 30.6.2008 година, како единица на Универзитетот.

Детали за организациската поставеност и начинот на функционирање на факултетот ќе најдете во Статутот на Технолошко-технички факултет

Tехнолошко-технички факултет

Факултетот е формиран со цел да создава квалитетни и компетентни кадри кои успешно ќе одговорат на предизвиците на современиот технолошки развој во текстилната и модната индустрија, прехранбената индустрија, како и во областа на современите материјали.

Факултетот нуди:

 

Технолошко-техничкиот факултет создава современа и инспиративна академска атмосфера во која студентите од земјата и од странство се охрабрени да ги развиваат своите знаења, вештини и креативност.

Студентите во фокус

Факултетот ги става студентите и нивните потреби во центарот на своето работење. Студирањето е поддржано преку:

  • програми за стипендирање;
  • организирана практична настава во реномирани индустриски компании;
  • активно учество во научноистражувачки и стручно-апликативни проекти.

Овие активности им овозможуваат на студентите да стекнат практично и истражувачко искуство надвор од редовната настава и да изградат силна професионална основа.

Факултетот ги следи современите светски трендови и континуирано ги унапредува студиските програми во согласност со европските и меѓународните образовни практики. Преку воведување современи наставни методи и иновативни техники на учење, се поттикнува креативноста, критичкото размислување и слободата на изразување кај професорите и студентите, во контекст на актуелните општествени појави и процеси.

Галерија