Програмите од втор циклус на Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип овозможуваат продлабочено стручно и научно усовршување и специјализација во технолошко-техничките области. Студиите се усогласени со современите научни трендови и потребите на индустријата.
Со нивно завршување се стекнувате со назив Магистер по (соодветната област), со што ви се отвораат можности за кариерен напредок, раководни позиции и продолжување на докторски студии.
ВОДИЧ ЗА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ Линк: https://www.ugd.edu.mk/studiranje/vodic-vtor-ciklus-studii/
МЕНАЏМЕНТ И КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ
Студиската програма по Менаџмент и контрола на квалитет ќе се реализира во траење од една година, два семестри со 60 ЕКТС како академски едногодишни студии.
Студентите кои ќе завршат студиската програма се стекнуваат со следното звање: Магистер на технички науки од областа на Менаџмент и контрола на квалитет/ во меѓународен промет, стручен назив: Master of science in Management and quality control.
Услов за запишување: стекната диплома со најмалку 240 ЕКТС од прв циклус на (додипломски) студии (со траење од 4 години).
ТЕХНОЛОГИЈА И ДИЗАЈН НА ТЕКСТИЛ
Студиската програма по Технологија и дизајн на текстил ќе се реализира во траење од една година, два семестри со 60 ЕКТС како академски едногодишни студии.
Студентите кои ќе ja завршат студиската програма се стекнуваат со академскиот назив: Магистер на науки по Технологија и дизајн на текстил/ во меѓународен промет: Master of Science in Тechnology and Design of Textile.
Услов за запишување: стекната диплома со најмалку 240 ЕКТС од прв циклус на (додипломски) студии (со траење од 4 години).
ДИЗАЈН И ТЕХНОЛОГИЈА НА МОДНА ОБЛЕКА
Крајната цел на студиската програма Дизајн и технологија на модна облека е студентите да се оспособат за примена на научните и стручните знаења од областа на модниот дизајн, технологијата и конструкцијата во пракса. Теоретската настава, практичната настава и останатите методи на учење како и начинот на оценување се потполно усогласени со целите на студиската програма. Стекнатите знаења од практичен аспект, присуството и практичната работа во индустриите ќе му овозможат на студентот проширување на неговото знаење, стекнување нови искуства, давање мислење и решавање на конкретни проблеми
Студиската програма по Дизајн и технологија на модна облека ќе се реализира во траење од една година, два семестри со 60 ЕКТС како академски едногодишни студии.
Студентите кои ќе ja завршат студиската програма се стекнуваат со академскиот назив: Магистер на науки по Дизајн и технологија на модна облека/ во меѓународен промет академски студии назив е: Master of science in design and technology of fashion designe.
Услов за запишување: стекната диплома со најмалку 240 ЕКТС од прв циклус на (додипломски) студии (со траење од 4 години).
Претходни акредитации
Студиски програми 2012/2013
Студиски програми 2017/2018
Студиски програми 2020/2021
ТЕХНОЛОГИЈА И ДИЗАЈН НА ТЕКСТИЛ
Студиската програма по Технологија и дизајн на текстил ќе се реализира во траење од една година, два семестри со 60 ЕКТС како академски едногодишни студии.
Студентите кои ќе завршат студиската програма се стекнуваат со академскиот назив: Магистер на науки од областа на Технологија и дизајн на текстил/ во меѓународен промет; Master of science in the field of technology and design of the textile.
Услов за запишување: стекната диплома со најмалку 240 ЕКТС од прв циклус на (додипломски) студии (со траење од 4 години).
За повеќе информации обратете се кај референтите од студентската служба за втор циклус на студии:
Катерина Хаџи-Василева
Телефон: +389 32 550 076
E-mail: katerina.hadzivasileva@ugd.edu.mk
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бб
Пош. фах 201, Штип – 2000, Р.Македонија