Search

Докторски студии на Технолошко-технички факултет

Трет циклус студии на Техничко - технолошки факултет

Целта на студиската програма од трет циклус „Наука и технологија на композитни материјали“ е да подготви високо квалификувани кадри за самостојна научно-истражувачка, развојна и иновативна работа во областа на композитите. Програмата овозможува стекнување напредни знаења и вештини за дизајн, моделирање и производство на современи композитни материјали, како и нивна практична примена во индустријата. Истовремено, таа има за цел да придонесе кон технолошкиот развој, унапредување на производните процеси и зголемување на конкурентноста на стопанството, како и интеграција со современите научни и образовни текови во Европа и пошироко.

Во рамки на трет циклус студии, студентите во текот на студирањето треба да учествуваат на докторски семинар. Овој семинар има за цел да ги подготви докторантите за самостојно научно истражување преку интерактивна настава, дискусии и работа на конкретни правни теми. Семинарот им овозможува на студентите да ги продлабочат своите знаења, да ги споделат своите истражувања со другите колеги и да добијат критички осврт од своите ментори и професори. Оваа фаза е клучна за развивање на истражувачките способности и обезбедување насоки за идното научно истражување.

Во рамките на докторските студии, студентите имаат обврска активно да учествуваат на меѓународни научни собири поврзани со нивниот докторски труд. Овие собири претставуваат можност за презентирање на истражувачките резултати, размена на идеи и добивање повратни информации од реномирани научници и експерти во областа. За секое учество на ваков собир, студентите добиваат сертификат, кој служи како доказ за нивната научна активност и придонес во меѓународната академска заедница.

Студентите имаат обврска да реализираат и меѓународна мобилност, која подразбира најмалку еднонеделен престој (7 работни дена) во странска академска или научноистражувачка институција. Оваа мобилност е значаен дел од програмата бидејќи им овозможува на студентите да ги прошируваат своите знаења и вештини преку размена на искуства со експерти и академици од други земји. Меѓународната мобилност им дава можност да се вклучат во научноистражувачки проекти, да стекнат нови перспективи и да ги унапредат своите истражувања преку користење на ресурси достапни на меѓународно ниво.

Покрај тоа, објавувањето на научен труд во референтна научна публикација е клучен елемент во процесот на изработка на докторскиот труд. Студентите се обврзани да објават најмалку два труда пред одбраната на нивниот докторски труд, со што се потврдува научната релевантност и квалитет на нивното истражување. Објавувањето во референтни публикации им овозможува на студентите да ги претстават своите наоди пред пошироката научна јавност, да добијат признание за својот придонес и да ја унапредат својата академска кариера.

Потоа следува фазата на подготовка и изработка на докторски труд, која се протега низ петтиот и шестиот семестар. Овој процес вклучува изработка на

оригинално научно дело под менторство на акредитиран професор. Докторантите спроведуваат истражувања во соодветната област. Работата на докторскиот труд завршува со јавна одбрана, при што студентот го презентира своето истражување пред комисија и ја докажува релевантноста и квалитетот на својот труд.

Докторските студии се реализираат во траење од три години, шест семестри.

Со завршување на тригодишните докторски студии се стекнуваат 180 ЕКТС.

Со завршување на третиот циклус на тригодишни студии студентите се стекнуваат со назив: Доктор по технички науки, од областа на композитни материјали/ во меѓународен промет академски назив: Doctor of Sciences in the field of Composite Materials, PhD.

Список на акредитирани ментори:

  1. Проф. д-р Винета Сребренкоска, редовен професор
  2. Вон. проф. д-р Соња Јордева, вонреден професор

Повеќе детали за процесот на запишување и студирање на докторски студии ќе најдете во рамките на Школата за докторски студии на УГД