Search

Додипломски студии (Прв циклус)

Студиски програми

Технолошко-техничкиот факултет во Штип, во рамки на додипломските студии (прв циклус), нуди повеќе наставни програми од областа на технологијата на текстил и облека, технологијата на материјали и прехранбената технологија. Наставните програми се современи, сеопфатни и прилагодени како на домашниот, така и на глобалниот пазар на труд. Стекнатите знаења и вештини ќе ви овозможат широк избор на работни позиции, како и можности за понатамошен професионален развој во индустрискиот и технолошкиот сектор.

Со комплетирање на додипломските студии на Технолошко-техничкиот факултет, студентите се стекнуваат со соодветен академски назив во избраната област, а дипломите се меѓународно признаени.

Студиската програма Дизајн и технологија на текстил и облека е насочена кон едукација на стручен и креативен кадар кој активно ќе придонесува кон развојот и унапредувањето на текстилната индустрија како значајна индустриска гранка.

Програмата обезбедува темелни теоретски и практични знаења од областа на текстилните материјали, дизајнот на облека и технолошките процеси на производство. Преку современ наставен пристап, студентите стекнуваат креативни, аналитички и технолошки компетенции неопходни за проектирање, развој и производство на текстилни производи и облека.

Дипломираните инженери се подготвени за работа во сите сегменти на текстилната и модната индустрија, вклучувајќи текстилни и конфекциски компании, дизајнерски студија, производствени и трговски организации, институции за контрола на квалитет, како и истражувачки и образовни установи.

Студиската програма Дизајн и технологија на текстил и облека на прв циклус на студии се реализира во траење од 4 години, односно осум семестри и носи 240 ЕКТС кредити по Европскиот кредит трансфер систем.

По завршувањето на студиите студентот се стекнува со 240 ЕКТС кредити и со академскиот назив:
 
  • Дипломиран инженер технолог по дизајн и технологија на текстил и облека; во меѓународен промет академски назив: Bachelor of Science in Design and Technology of Textile and Clothing.
Студиската програма Прехранбена технологија е креирана со цел да одговори на современите потреби на индустријата за стручен кадар во областа на производство, преработка и контрола на квалитет на храна. Програмата се темели на интердисциплинарен пристап што ги интегрира инженерските, технолошките и научните аспекти на производството на храна.
Студентите стекнуваат теоретски знаења и практични компетенции за идентификување, анализирање и решавање проблеми поврзани со процесирање, конзервирање и пакување на храната, примена на современи методи за анализа и контрола на квалитетот, изработка на материјални и енергетски биланси, како и учество во развојно-истражувачки активности.
Дипломираните инженери се оспособени за работа во индустриите за производство на храна, лаборатории за анализа и контрола на квалитет, дистрибутивни центри, како и во научно-истражувачки и развојни институции. Тие поседуваат компетенции за развој и оптимизација на производните процеси, со што придонесуваат кон унапредување на безбедноста, квалитетот и конкурентноста на прехранбената индустрија.
 

Студиската програма Прехранбена технологија на прв циклус на студии се реализира во траење од 4 години, односно осум семестри и носи 240 ЕКТС кредити по Европскиот кредит трансфер систем.

По завршувањето на студиите студентот се стекнува со 240 ЕКТС кредити и со стручен назив:

Дипломиран инженер технолог од областа на прехранбена технологија; стручен назив: Bachelor of Science in food technology.

Студиската програма Технологија на материјали на Технолошко-технички факултет е насочена кон едукација на современи и компетентни инженери подготвени за работа во индустриски и технолошки системи. Програмата обезбедува темелни знаења за структурата и својствата на материјалите, технолошките процеси на нивна обработка и методите за контрола, анализа и унапредување на квалитетот.
Посебен акцент се става на развој на аналитичко размислување, технички компетенции и способност за решавање инженерски проблеми во реални производствени услови. Преку лабораториска и практична настава, како и соработка со компании и истражувачки институции, студентите стекнуваат практично искуство и директен увид во индустриските процеси.
Дипломираните инженери се оспособени за работа во производствени компании, лаборатории за контрола на квалитет, научно-истражувачки и развојни центри, како и во сектори за иновации и развој на современи материјали.

 

Студиската програма Технологија на материјали на прв циклус на студии се реализира во траење од 4 години, односно осум семестри и носи 240 ЕКТС кредити по Европскиот кредит трансфер систем.

По завршувањето на студиите студентот се стекнува со 240 ЕКТС кредити и се стрекнува со академски назив: Дипломиран инженер технолог од областа на инженерство на материјали/во меѓународен промет академски назив: Graduate engineer of technology in the fielfd of material engineering.

Студиската програма Инженерство на материјали, технологии и иновации на Технолошко-технички факултет е насочена кон едукација на современи и компетентни инженери подготвени за работа во индустриски и технолошки системи.

Програмата обезбедува темелни знаења за структурата, својствата и примената на материјалите, технолошките процеси на нивна обработка, како и методите за нивно испитување, анализа и контрола на квалитетот.

Посебен акцент се става на развојот на аналитичко размислување, технички компетенции и способност за решавање инженерски проблеми во реални производствени услови. Преку лабораториска и практична настава, како и соработка со компании и истражувачки институции, студентите стекнуваат практични знаења и искуства, како и директен увид во современите индустриски процеси.

По завршувањето на студиите, дипломираните инженери се оспособени за работа во производствени компании, лаборатории за контрола на квалитет, научноистражувачки и развојни центри, како и во сектори за развој на нови материјали, технологии и иновации.

Студиската програма „Инженерство на материјали, технологии и иновации“ на прв циклус на студии се реализира во траење од 4 години, односно осум семестри и носи 240 ЕКТС кредити по Европскиот кредит трансфер систем.

По завршувањето на студиите студентот се стекнува со 240 ЕКТС кредити и се стрекнува со академски назив: Дипломиран инженер технолог по инженерство на материјали, технологии и иновации/во меѓународен промет академски назив: Bachelor of Materials Engineering, Technologies and Innovation.

Важни информации при упис на прв циклус ќе најдете на следниот линк

Важни информации за запишаните студенти ќе најдете тука

Архива на студиски програми