Search

Соработка

Партнерство за едукација, размена на искуства и развој

На Технолошко-техничкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип се реализираат академски студии од прв циклус (додипломски студии), втор циклус (постдипломски студии) и трет циклус (докторски студии). Студиските програми се усогласени со динамиката на технолошкиот развој, потребите на индустријата и принципите на Болоњската декларација. Сите програми се акредитирани од страна на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование и континуирано се обновуваат со цел да одговорат на современите предизвици во областа на материјалите, текстилната и прехранбената индустрија.

Соработка со бизнис секторот и институциите

Значајна компонента на делувањето на Технолошко-техничкиот факултет е и соработката со индустрискиот сектор. Преку директна соработка со локални и национални компании, факултетот гради взаемни релации со цел да се премости јазот помеѓу академијата и индустријата. Компаниите имаат пристап до најновите резултати од научни истражувања, експертски консултации и талентирани дипломци опремени со потребното техничко знаење и практични вештини.

За возврат, Технолошко-техничкиот факултет има можност да ги збогатува наставните програми со практичните аспекти на реалните индустриски процеси, овозможувајќи релевантно и применливо знаење за своите студенти и усогласување со потребите на пазарот на труд. Оваа соработка им нуди практично искуство на студентите и можности за професионално вмрежување, што придонесува за нивно успешно вработување по дипломирањето.

Погледнете ја листата на соработници на Технолошко-техничкиот факултет подолу во текстот.

Меѓународна соработка

Во рамки на воспоставените меѓународни партнерства, како на Технолошко-техничкиот факултет, така и на ниво на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, на студентите и вработените им се овозможува да учествуваат во различни програми за размена, проекти и обуки кои се реализираат на странски универзитети. На овој начин, тие се стекнуваат со значајни знаења и искуства преку примена на добри меѓународни практики, кои понатаму ги користат во својата професионална кариера.

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип е универзитет со најголем број меѓуинституционални договори во државата (над 400), при што во текот на една академска година се остварува размена на повеќе од 300 дојдовни студенти и над 50 лица од наставниот и административниот кадар.

Повеќе за меѓународната соработка во рамките на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип можете да најдете на: ugd.edu.mk/za-ugd/sorabotka

Еразмус+ програма

Во рамките на УГД веќе долги години успешно се реализира и програмата Еразмус+, која е проект на Европската Унија во областа на високото образование и која овозможува соработка и размена на студенти и кадар помеѓу партнерски универзитети во Европа.

Размена на студенти:
Програмата е наменета за сите редовно запишани студенти на УГД што имаат завршено најмалку 2 семестри од студиите, имаат постигнато солиден успех и имаат познавање на англискиот јазик. Студентската размена можат да ја реализираат во еден од партнерските универзитети, чија целосна листа може да се најде тука, а студиската размена може да се реализира во период од 6 или 12 месеци. Во рамките на Еразмус+ програмата нудиме и програма на англиски јазик и активности за странските студенти што доаѓаат на размена на УГД.

Размена на вработени:
Наставниот кадар на Универзитет „Гоце Делчев“ преку Еразмус+ програмата има можност за мобилност, која може да се оствари на еден од странските Универзитети со кои УГД има склучено договор за соработка. Мобилноста за вработените е во времетраење од една недела и може да биде остварена во форма на предавања или обука. Со цел оваа програма да биде подобро промовирана пред студентите, УГД во текот на годината постојано организира информативни денови и состаноци со претставници од Националната агенција.

Дополнително, сите потребни информации можете да ги добиете на следниот линк: cmus.ugd.edu.mk

Листа на соработници на Техничко – технолошки факултет

  • Малина Свитс Доо 

  • МК Вера Монд ДООЕЛ 

  • Факултет за текстилна технологија- Универзитет Загреб 

  • Биотехнички центар НАКЛО 

  • ИМАКО ВИНО екскулзив ДОО 

  • Макпрогрес ДОО- Виница и Прогресив академија – Виница 

  • State University of Applied Sciences in Nowy Sącz 

  • Факулетет за технички науки- Чачак

  • Институт за конзервирање и квалитет на хрaна- Плoвдив 

  • ФУД ЛАБ ДОО- Скопје

  • МИК ДОО Свети Николе 

  • УЗУ Центар за јавно здравје- Струмица