Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип е посветен на развојот на науката и технологијата преку современи научно-истражувачки и апликативни активности во областа на материјалите, текстилната и прехранбената технологија. Преку истражувања, лабораториска работа и развој на нови технолошки процеси, факултетот активно придонесува кон технолошкиот напредок и индустрискиот развој.
Факултетот има значајна улога во создавање стручен и високообразован кадар кој е подготвен за работа во современи производствени системи, лаборатории и истражувачки центри. Преку современи студиски програми, практична настава и соработка со индустриски компании, студентите стекнуваат знаења и вештини кои се директно применливи во технолошките и индустриските процеси.
Публикации (Академски репозиториум)
Следејќи го принципот на отворен пристап, академскиот кадар на Технолошко-техничкиот факултет континуирано ги објавува своите научни и стручни публикации во Универзитетскиот репозиториум. Овие публикации опфаќаат научни трудови и истражувања објавени во домашни и меѓународни научни списанија, вклучувајќи списанија со Импакт Фактор, како и монографии, учебници, учебни помагала, научно-истражувачки извештаи и други едукативни ресурси.
Со ваквиот пристап факултетот придонесува за развојот и ширењето на научните сознанија во областа на технологијата на материјали, текстилното инженерство и прехранбената технологија, овозможувајќи слободен пристап до научни и образовни материјали за студентите, истражувачите и пошироката академска и професионална заедница.
Публикациите на наставниот кадар на Технолошко-техничкиот факултет можете да ги најдете на следниот линк:
https://eprints.ugd.edu.mk
Проекти (Научно-истражувачки и стручно-апликативни)
Технолошко-техничкиот факултет како институција, како и наставниот кадар (тимски или поединечно), активно учествуваат во бројни домашни и меѓународни научно-истражувачки и стручно-апликативни проекти. Овие проекти се насочени кон развој и примена на современи технологии, унапредување на индустриските процеси и решавање на актуелни предизвици во областа на технологијата на материјали, текстилното инженерство и прехранбената технологија.
Преку истражувања, лабораториски анализи и соработка со академски институции и индустриски партнери, факултетот придонесува кон развој на нови материјали, подобрување на производствените технологии и примена на иновативни технолошки решенија. На овој начин Технолошко-техничкиот факултет ја зајакнува својата улога како значаен фактор во научно-технолошкиот развој и преносот на знаење кон индустријата и општеството.