На настанот „Shtip Fashion Days 2025“, во организација на Општина Штип, студентите од Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип ја претставија својата креативност и иновативност преку две впечатливи модни ревии.

Првата ревија, на тема „Sculpta – Уметност на формата“, беше реализирана под менторство на вонр. проф. д-р Сања Ристески, додека втората ревија, со тема „Галаксија“, беше под менторство на проф. м-р Ванѓа Димитријева-Кузманоска.

Колекцијата „Sculpta“ го нагласува скулптуралниот карактер на колекцијата - секој модел е како минијатурна скулптура, изработен со рачен труд, прецизност и голема посветеност на секој детаљ. „Уметноста на формата“ ја носи во себе скриената моќ на линиите, волуменот и текстурите. Таа влијае без зборови, оставајќи тивко, но трајно запаметено присуство. Во „Sculpta” формата е уметност, а изработката наука.

Колекцијата „Галаксија" под менторство на проф. м-р Ванѓа Димитријева-Кузманоска е колекција која примарно ги истражува современите ресурси на материјали за дефинирање на темата која треба да ги претстави бесконечните можности за креирање, моделирање и дефинирање на една модна колекција. Kолекцијата е инспирирана од вселената, галаксии и небесни појави, со фокус на идејата дека жената е како ѕвезда таа создава светлина дури и во темнината.

Настапот на студентите привлече големо внимание од публиката и уште еднаш го потврди квалитетот на студиската програма и талентот на студентите од Технолошко-техничкиот факултет.

Технички секретар

Елвира Павлова
Тел: +389 32 550 900
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип
Валентина Давчева
тел:+389 32 550 064
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Пробиштип - Елвира Павлова 
Тел: +389 32 550 900
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.