Search

Студентска организација

Универзитетско студентско собрание

Универзитетското студентско собрание е тело на Универзитетот во кое членуваат претставници на студентите. Универзитетското студентско собрание ги штити интересите на студентите, преку свои претставници учествува во одлучувањето во органите и телата на Универзитетот и ги претставува студентите во рамките на високото образование како членови на академската заедница.

Согласно со Законот за високо образование, Универзитетското студентско собрание ги има следниве надлежности:

  • избира студентски претставници во Сенатот и во другите органи и тела на Универзитетот,

  •  донесува план и програма за својата работа,

 

  • предлага студентски правобранител,

  • се грижи за квалитетот на животот на студентот и квалитетот на процесот на студирање, студентскиот стандард, остварувањето на студентските права и интереси и за студентската културна, социјална и интелектуална надоградба,

  •  им предлага на органите на управување план за финансирање на студентските активности,

  •  поттикнува студентски активности надвор од наставниот процес,

  •  донесува општи акти на студентското собрание согласно со Законот и Статутот на Универзитетот,

  • врши други активности од интерес на студентите.

 

Универзитетското студентско собрание е составено од претставници на студентите, именувани од редот на претставниците избрани во факултетското студентско собрание.

Факултетските студентски собранија и студентските собранија на високите стручни школи именуваат по двајца претставници во Универзитетското студентско собрание на Универзитетот, во чиј состав се:

Претседател на Универзитетското студентско собрание се избира од редот на претставниците именувани во Универзитетското студентско собрание.

Мандатот на членовите и на претседателот на Универзитетското студентско собрание трае една година, со право на уште еден избор.

Бројот на членовите на Универзитетското студентско собрание, како и органите на Универзитетското студентско собрание и начинот на нивниот избор се уредуваат со статутот на Универзитетот. Универзитетското студентско собрание има статут. Статутот на универзитетското студентско собрание се донесува по претходна согласност од Сенатот на Универзитетот.

Претставници во Универзитетското студентско собрание од редовите на
студентите на Технолошко-технички факултет се:

1. Јована Анчева (email: jovana.18810@student.ugd.edu.mk);
2. Јована Блажева (email: jovana.18793@student.ugd.edu.mk).

Факултетско студентско собрание

Факултетското студентско собрание е тело на Технолошко-технички факултет, во кое членуваат претставници на студентите. Претставниците во факултетското студентско собрание се избираат на непосредни, фер и демократски избори со тајно гласање. Право да избираат и да бидат избрани за членови на Факултетското студентско собрание имаат сите студенти на факултетот, кои се запишани на студии на Технолошко-технички факултет во учебната година во која се избира Факултетското студентско собрание.
 
1. Јована Блажева,  број на индекс 18793
2. Даниела Караманолева,  број на индекс 18790
3. Бојана Коцевска,  број на индекс 18826
4. Јована Анчева,  број на индекс 18810
5. Сара Стојкова,  број на индекс 18815
6. Елена Донева,  број на индекс 18819
7. Димитар Трибичилиев,  број на индекс 18789
8. Климентина Ташкова,  број на индекс 18795
9. Викторија Горгиева,  број на индекс 18794
10. Виолета Петрушеска,  број на индекс18797
 
Со Факултетското студентско собрание претседава претседател кој ги
извршува одлуките на Собранието, ги застапува студентите и Собранието и е
одговорен за неговата работа. Претседател на Факултетското студентско
собрание при Технолошко-техничкиот факултет е:

 

Мандатот на членовите и на претседателот на Факултетското студентско собрание трае една година, со право на уште еден избор.

Изборот на членовите и на претседателот на Факултетското студентско собрание се одржува секоја година во термин утврден со статутот на Универзитетското студентско собрание.

Изборите за членовите на Факултетското студентско собрание ги распишува деканот во рок од 30 дена пред нивното одржување. Во одлуката за распишување на избори Деканот именува изборна комисија составена од студенти и наставници, односно соработници, која ги спроведува изборите за членови на Факултетското студентско собрание. Мнозинството членови на изборната комисија ја сочинуваат студентите.

Со Факултетското студентско собрание претседава претседател, кој се избира на непосредни и тајни избори. Претседателот ги извршува одлуките на Факултетското студентско собрание, ги застапува студентите и Собранието, и одговорен е за неговата работа.

Студентски правобранител

Заради заштита на правата на студентите на секој универзитет се избира студентски правобранител, од редот на редовните студенти на универзитетот.

Студентскиот правобранител се избира од Сенатот на Универзитетот, со мнозинство гласови на членовите на Сенатот на Универзитетот, на предлог на Универзитетското студентско собрание на претходно објавен конкурс.