Дипломиран инженер-технолог од областа на Прехранбена технологија, Технолошко-технички факултет
Вработен во: Макпрогрес ДОО – Виница
Мојот пат кон успехот со УГД
Од студент по прехранбена технологија до инженер-технолог за подобрување, иновации и развој на производи во водечка компанија за производство на кондиторски производи
Мојот професионален развој и надградба започнаа со изборот на студиската програма Прехранбена технологија на Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Достапноста на наставниот кадар, пристапот до електронските платформи, можностите за студентска мобилност преку Erasmus+ програмата, стекнатото знаење и правилното насочување кон професионалниот пат се значајни аспекти кои трајно го одбележаа моето студирање на УГД.
Денес работам како технолог за подобрување, иновации и развој на производи во една од водечките компании за производство на кондиторски производи во Југоисточна Европа – Макпрогрес. Мојата приказна со оваа компанија започна уште во текот на студиите, преку реализација на практикантска работа и изработка на дипломска работа, што подоцна резултираше и со мое вработување.
Од денешна перспектива, успешно завршените студии на Технолошко-техничкиот факултет претставуваа значајна отскочна даска за моето професионално етаблирање и напредок во индустријата.


