Дипломиран инженер-технолог од областа на Текстил, дизајн и менаџмент, Технолошко-технички факултет
Работи како: моден дизајнер во сопствено модно ателје
Мојот пат кон успехот со УГД
Од студент по Текстил, дизајн и менаџмент до успешен моден дизајнер во сопственото ателје „Atelier by Sonja and Marija“, лоцирано во Скопје и Струмица
Почетоците и првите чекори во мојата кариера, целиот професионален развој и самото влегување во светот на модата започнаа на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, со изборот на студиската програма Текстил, дизајн и менаџмент при Технолошко-техничкиот факултет. Во текот на студирањето стекнав значајни знаења, искуства и вештини за дизајнирање сопствени модели и модни колекции.
Студиската програма овозможуваше конструкциска подготовка, изработка на модни скици и илустрации, примена на техники на рачна изработка, како и боење и печатење на текстилни материјали. Дополнително, поддршката од стручниот наставен кадар посветен на студентите беше клучна во градењето на моите професионални компетенции.
Денес, како дипломиран инженер-технолог од областа на дизајнот, сметам дека дизајнот е присутен во секој сегмент од нашето секојдневие и неговото значење е поголемо од кога било досега. Да се биде моден дизајнер бара голема посветеност, труд, упорност и љубов кон работата. Кога се создава со страст и задоволство, успехот е неизбежен.
На сите кои чувствуваат креативност, уметнички афинитет и интерес за стил и мода, топло им ја препорачувам студиската програма Дизајн на текстил и облека при Технолошко-техничкиот факултет, како одлична основа за градење успешна кариера во модната индустрија, како во Македонија, така и на меѓународно ниво.


