Search

Лолита Спирова

Дипломиран инженер-технолог од областа на прехранбена технологија, Технолошко-технички факултет

Работи како: фитнес тренер и консултант за изработка на програми за правилна исхрана и тренинг


Мојот пат кон успехот со УГД

Од студент по прехранбена технологија до успешен консултант за исхрана и здрави животни навики

Желбата за изучување на храната и мотото „храната е лек, а лекот е храна“ беа клучните фактори што ме насочија кон изборот на студиската програма Прехранбена технологија. До денес имам помогнато на илјадници клиенти да го подобрат својот начин на живот преку правилна исхрана и сум горда на секој нивен постигнат успех.

Како студент на Технолошко-техничкиот факултет – насока Прехранбена технологија, стекнав темелни знаења од областа на исхраната, функционирањето на дигестивниот систем, биохемијата на храната, како и улогата на макронутриентите во човековиот организам. Овие знаења ги добив благодарение на стручниот наставен кадар, чија поддршка, теоретски предавања и лабораториски вежби ги поставија темелите на мојата професионална кариера.

Благодарение на стекнатото образование на ТТФ – Прехранбена технологија, денес успешно работам како фитнес тренер и консултант за исхрана. Водам фитнес група со над 500 активни членови, како и бројни индивидуални клиенти со кои преку персонализирани програми за исхрана и тренинг постигнуваме значајни резултати во регулирање на шеќер во крвта, холестерол и хормонален дисбаланс.

Технолошко-техничкиот факултет ми помогна успешно да се соочам со сите предизвици и да го следам мојот пат кон професионален успех.