Дипломиран инженер-технолог од областа на Дизајн на текстил и облека, Технолошко-технички факултет
Работи како: 3D дизајнер во „Blackbello“
Мојот пат кон успехот со УГД
Од студент по Дизајн на текстил и облека до успешен дизајнер во дигиталната модна индустрија
Како студент на Технолошко-техничкиот факултет – насока Дизајн на текстил и облека, се стекнав со уникатно и богато искуство кое ми овозможи да ги развијам моите вештини и знаења во областа на модниот дизајн. Од моментот кога станав дел од академската заедница, знаев дека сум на вистинското место кое ќе ми помогне во остварувањето на мојата страст кон дизајнот на облека.
Еден од најзначајните аспекти на моето студирање беше квалитетот и посветеноста на наставниот кадар. Професорите, како експерти во својата област, секогаш беа отворени за споделување на своето знаење, достапни за одговор на прашања и подготвени да дадат насоки кои поттикнуваа креативно, иновативно и современо размислување.
Во текот на студиите имавме можност активно да работиме на креирање на сопствени дизајни и да учествуваме на модни ревии. Ова практично искуство значително придонесе за развој на моите професионални компетенции и ми овозможи јасна претстава за тоа што значи да се биде дел од текстилната и модната индустрија, како и успешно да се позиционирам во современата дигитална модна индустрија.


