Search

Технолошко-техничкиот факултет дел од МАССУМ 2026

На 24 април во Богданци, се одржа модна ревија како дел од од 23-тото издание на Образовното рандеву на МАССУМ, на која средношколци од 16 средни стручни училишта од Македонија ги презентираа своите креативни модни колекции.

Квалитетот и креативноста на изработките беа оценувани од стручна жири комисија, во чиј состав беа проф. д-р Соња Јордева и проф. д-р Силвана Жежова од Технолошко-техничкиот факултет – Штип како и Сара Николиќ од компанијата „BlackBello“.

Учесниците се истакнаа со оригиналност, иновативен пристап и високо ниво на техничка изведба, при што беа прикажани разновидни стилови и современи дизајнерски решенија. Настанот претставуваше одлична можност за младите таленти да го покажат својот потенцијал и да добијат стручна оценка и поддршка.

Модната ревија во рамки на МАССУМ 2026 уште еднаш ја потврди важноста на ваквите настани во поттикнувањето на креативноста, уметничкиот израз и професионалниот развој на младите во областа на модата и дизајнот.

Истовремено настанот беше искористен за промотивни активности на Универзитетот „Гоце Делчев“ во кои учествуваа студенти од трета година на Технолошко-технички факултет и проф. д-р Марија Ќертакова.