Студентите од студиската програма Прехранбена технологија при Технолошко-техничкиот факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, реализираа стручна посета на супер модерната пречистителна станица за вода за пиење во општина Штип (најголемата станица од ваков тип во државата и соседните земји), која располага со најсовремена технологија – ултрафилтрација, континуиран технолошки процес кој работи со капацитет од 300 l/s, и современи лаборатории за испитување на сирова и прочистена вода.
Технолошко-техничкиот факултет изразува благодарност до тимот на Прочистителна станица при Јавното комунално претпријатие „ ИСАР“ Штип за професионалниот прием и стручната соработка.


