Search

Еразмус+ мобилност на Технолошко-техничкиот факултет при УГД

Во периодот од 11 до 15 мај 2026 година, вонреден професор д-р Марија Менкиноска од Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип реализираше мобилност во рамки на програмата Еразмус+ во Институтот за конзервирање и квалитет на храна (CANRI), Пловдив, Бугарија.

За време на мобилноста се запозна со современи лабораториски методи и опрема за анализа на квалитет на прехранбени производи, преку практична работа со инструментални техники и анализи на примероци.

Беше посетена и лабораторија за производство, каде се следеа процеси на подготовка и контрола на квалитет, вклучително и производство на путер од кикирики, како и размена на искуства со истражувачи и докторанти од повеќе земји.

Мобилноста придонесе за унапредување на соработката и стекнување нови знаења применливи во наставно-научната работа.